Дома Трансфер зона Барселона сега мисли на преодниот рок, а најзаслужен за тоа е Пике

Барселона сега мисли на преодниот рок, а најзаслужен за тоа е Пике

Жерар Пике вчера стави крај на професионалната фудбалска кариера, а посебно се истакна и со тоа што одлучи да ја прости преостаната сума од договорот на Барселона.

Денеска каталонските медиуми пишуваат за потенцијални засилувања. Пред се, Чави сака замена за Пике, иако на располагање има четворица стопери – Араухо, Кристенсен, Кунде и Ерик Гарсија, а речиси сигурно ќе биде Иниго Мартинез.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барса веќе ги договори личните услови со Баскиецот кој е во последната година од договорот со Атлетик Билбао и не е невозможно да го доведе веќе во зима. Билбао не успеа да го убеди Иниго да остане, а доколку сакаат да заработат од неговото заминување ќе мора да го продадат во јануари. Јасно е дека обештетувањето нема да биде големо, што е особено привлечно за Барса, заедно со тоа што Мартинез ќе биде единствениот левоног стопер.

Друга позиција која Чави сака да ја засили е десниот бек. Клубот е разочаран од Хектор Белерин кој доби едногодишен договор, а Барса нема намера да му понуди продолжување на соработката. Договор до 30 јуни има и Серхи Роберто, па логично е Чави да сака десен бек во зима. Се споменуваше Диого Дало, но Јунајтед има опција автоматски да го продолжи договорот за уште една сезона до 2024 година, што ја отежнува позицијата на Барса, па сигурно ќе има други цели.

Фокусот е на едно интересно име – Јусуф Мукоко. Младиот напаѓач на Борусија Дортмунд експлодира оваа сезона, има само 17 години, а исто така му истекува договорот на лето.

Планот е Мукоко да дојде и да собира знаење од Роберт Левандовски, а ќе добива и прилика кога полскиот голгетер ќе одмара.

Сè на сè, во Барселона нè очекува уште еден возбудлив преоден рок, најзаслужен за тоа е Пике, кој со своето заминување и меѓусебниот раскин на договорот му заштеди на клубот околу 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…