Барселона сериозно размислува да се ослободи од напаѓачот Роберт Левандовски на лето, пренесуваат шпаските медиуми.
Полјакот е во криза и игра многу послабо во однос на претходните сезони, а тренерот Чави Ернандез смета дека Левандовски не можел да го следи ритамот на своите соиграчи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Медиумите блиски до Барселона пренесуваат дека клубот сака да се ослободи од неговата висока плата и на лето ќе се обиде да се раздели со Левандовски.
Напаѓачот има понуди од Саудиска Арабија, а Барселона е спремна да му понуди раскина на договорот на лето.