Дома Трансфер зона Барселона пресече: Во петок следува официјалното претставување на Кутињо

Барселона пресече: Во петок следува официјалното претставување на Кутињо

cotinho

Продолжува сагата околу преминувањето на Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселона, но се чини дека наскоро се ќе биде завршено.

Делегацијата на Барселона вчера отпатува во Англија за да ја заврши проведурата околу Кутињо, иако од Ливерпул во неколку наврати порачаа дека од неговото доаѓање нема да има ништо. Меѓутоа, каталонскиот клуб не сакаше така лесно да се откаже, па имаше повеќе понуди за „Црвените“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Прво беа понудени 70 милиони евра и Андреа Гомес, но Ливерпул тоа го одби и порача дека предвид доаѓаат само пари. По неколку часа исцрпни преговори, се чини дека двата клуба успеаја да се договорат. Според пишувањето на шпанските медиуми Барселона за Кутињо ќе плати околу 120 милиони евра.

Така, бразилскиот фудбалер ќе стане најскапото засилување во историјата на Барселона. Дека тука нешто се подготвува потврдија и шпанските новинари. Имено, неколку реномирани шпански новинари објавија дека добиле мејл од Барселона во кој се наведува дека Кутињо во петок ќе биде претставен како новото засилување на клубот.

Претставувањето ќе биде традиционално на „Ноу Камп“, а Кутињо пред тоа ќе ги направи лекарските прегледи. Меѓутоа, се уште никој официјално не се огласил по тој повод, но се чини дека оваа трансфер сага многу брзо ќе го добие својот епилог.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Херојот на Реал Мадрид од полуфиналето како награда добива – откуп на договорот!

Напаѓачот на Реал Мадрид, Хоселу беше херојот на вчерашниот пласман на овој клуб во новото…