Нголо Канте на лето најверојатно ќе го напушти Челзи, бидејќи ги прекина преговорите за продолжување на договорот.
Раководството на Барселона веќе работи на трансферот и сака да го доведе како слободен агент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Барселона е во потрага по таков профил на фудбалер кој ќе го замени Бускетс, а во Канте гледа одлична можност да доведе врвен фудбалер без обештетување.
Канте влезе во последната година од договорот со Челзи, па иако се чинеше дека „сините“ ќе направат се за да го задржат, сепак Французинот е блиску до заминување.