Гласините околу зимскиот преоден рок на големо се во тек, а една од темите за кои најмногу се пишува се потенцијалните засилувања.
Шпанските медиуми на големо пишуваат за тоа кого Барселона може да доведе во имскиот преоден рок. Скаутите на Барселона следат фудбалери на повеќе позиции, а потребен им е и напаѓач каде што полека изминува времето на Луис Суарез.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Уругвајскиот фудбалер после доаѓањето во Барселона одигра неколку одлични сезони, но оваа сезона не блеска. Иако неговото место е обезбедено во првиот тим се повеќе се пишува за негова потенцијална замена.
Мадритски „АС“ пренесува дека Кутињо ја советувал управата на Барселона да го доведат неговиот сонародник од Ливерпул, Роберто Фирмино.
Кутињо според информациите на „АС“ е убеден дека Фирмино одлично би се вклопил во стилот на Барселона и сосема добро би го заменил Уругваецот.
Сепак, јасно е дека Барса ќе наиде на тврд отпор доколку навистина се обиде да го доведе Фирмино кој е еден од најважните играчи на Ливерпул.
https://www.youtube.com/watch?v=pAgBKw_LuQw