Дома Фудбал Барселона повторно изгледа шампионски

Барселона повторно изгледа шампионски

Дефинитивно Барселона сега предводена од Чави повторно изгледа како шампионски тим.

 После 21 одигран натпревар, Барселона е лидер во Примера со девет бодови повеќе од „кралевите“ и изгледа сигурно чекори кон освојувањето на Примера што во Каталонија се чека од 2019 година.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Барселона е во фантастична форма од 16 натпревари без пораз, а во нив славеа на дури 15. Последната беше вчера против Виљареал на „Ел Мадригал“ со 0:1. Последниот тим кој ја победи Барселона е Баерн Минхен уште на 26-ти октомври минатата година, потоа само Еспањол во последниот ден од 2022 година остана непоразен.

Во новата година Барселона е перфектна, во 11 натпревари има исто толку победи. Таквата форма на Каталонците им го донесе трофејот во Суперкупот на Шпанија и имаат големи шанси на крајот да ја освојат титулата.

Пред тимот на Чави оваа недела е натпреварот од плеј-фото во Лигата на Европа против Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн Минхен и Милан се „тепаат“ за потписот на Де Зерби

Неколку европски гиганти покажуваат силен интерес за италијанскиот тренер Роберт де Зерби.…