Ламин Јамал има само 17 години, но се смета за голема надеж на Барселона.
Откако беше стандарден во каталонскиот гигант во изминатата сезона, летово добива и голема минутажа на Европското првенство во дресот на шпанската репрезентација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од наредната сезона по се што направи навивачите ќе имаат големи очекувања, а клубот одлучил и да му ја даде „десетката“.
По заминувањето на Меси „десетката“ во Барселона ја носел само Ансу Фати и тој не ги оправда очекувањата. Исто така во Барселона сметаат дека со овој потег и ќе ја зголемат продажбата на дресови пред прославата на 125. роденден во ноември оваа година.