Шпанскиот лев бек Марк Кукурела одигра одлична сезона за Брајтон и се наоѓа пред трансфер во Манчестер Сити.
Овој 23-годишен дефанзивец минатото лето пристигна од Гетафе за 18 милиони евра и тоа се покажа како одличен потег за Брајтон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој е голема желба на Пеп Гвардиола која сака да ја засили левата бековска позиција, а последните информации се дека Кукурела ги договорил личните ослови со Манчестер Сити.
„Граѓаните“ се во напредни преговори со Брајтон и се очекува трансферот да биде договорен во наредните денови за 30 милиони евра.
Кукурела е дете на Барселона, но никогаш не доби шанса на „Кам Ноу“, а во 2020 година беше продаден на Гетафе за 12 милиони евра.
🚨 Manchester City have agreed personal terms with Marc Cucurella and are in advanced discussions with Brighton to finalise a fee.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 23, 2022
(Source: @SportsPeteO) pic.twitter.com/tbZAskooFY