Барселона не се откажува од намерата да го доведе играчот за врска на Фиорентина, Софијан Амрабат, пренесува новинарот Фабрицио Романо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барселона се обиде да го доведе 26-годишниот Мароканец уште во јануари, но Фиорентина не го пушти. Сега ќе биде примарна трансфер цел на лето, но Каталонците може да имаат проблем со финансискиот фер-плеј.
Амрабат одигра фантастично на Мундијалот и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но тој преферира преселба во Барселона.
Неговиот договор со „виолетовите“ истекува во 2024 година, а Фиорентина за неговата слобода бара најмалку 20 милиони евра.