Дома Трансфер зона Барселона не се откажува од Амрабат

Барселона не се откажува од Амрабат

Барселона не се откажува од намерата да го доведе играчот за врска на Фиорентина, Софијан Амрабат, пренесуваат шпанските медиуми.

Барселона се обиде да го доведе 26-годишниот Мароканец уште во јануари, но Фиорентина не го пушти.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сега Мароканецот потврди дека ќе ја промени средината и се прости од Фиорентина, која за неговата слобода бара 25 милиони евра.

Чави е во потрага по замена за Бускетс, а едно од имињата на списокот е токму Амрабат.

Играчот преферира преселба на Камп Ноу, иако има и други понуди, па на Барселона нема да и биде тешко да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Се појави опција за Погба: Французинот добива нова шанса во Премиер лигата?!

Екипата на Јувентус не се одлучи да го задржи Пол Погба кој по истекот на суспензијата во …