Барселона бара начин како да се ослободи од Филипе Кутињо и му го нуди играчот на Њукасл, пренесува каталонски „Спорт“.
29-годишниот Бразилец ја добива една од најголемите плати во Барселона, но во исто време е на маргините и не добива голема минутажа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
И кај новиот тренер Кутињо нема да биде еден од главните играчи, па клубот сака да се ослободи од него.
Во исто време Њукасл спрема големи засилувања за тимот и покажува сериозен интерес за Кутињо.
Барселона е спремна да го пушти Бразилецот на позајмица со право на откуп само да се ослободи од неговата висока плата.