Дома Топ вести Барселона мора да продава и да го намали буџетот за 200 милиони евра?

Барселона мора да продава и да го намали буџетот за 200 милиони евра?

Барселона би можела да влезе во проблем со финансискиот фер-плеј.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Ла Лига ја известила Барселона да го намали својот платен буџет за да не влезе во проблеми со финансиксиот фер-плеј. Според ситуацијата во овој момент Барселона мора да го намали буџетот за дури 200 милиони евра. Тоа значи дека на лето клубот ќе мора да се раздели со играчите кои добиваат големи плати.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во центарот на вниманието се Френки Де Јонг и Ансу Фати, двајцата кој во текот на изминатото лето се поврзуваа со Манчестер Јунајтед. Тогаш Барселона и Јунајтед беа блиску до договор за Френки Де Јонг, но фудбалерот одлучи да остане во Барселона.

Холанѓанецот има договор со Барселона до 2026 година и до истекот на истиот може да заработи 88 милиони евра.

Ансу Фати од друга страна сезонава ја нема очекуваната минутажа и би можел да биде понуден на заинтересираните клубови. Барселона неговата вредност ја проценува на 101 милиони евра, а талентираниот напаѓач има плата од 225.000 евра неделно.

Исто така Барселона платниот буџет би можела да го ослободи со заминувањата на Серхио Бускетс, Жорди Алба, Осман Дембеле, Серхи Роберто и Франк Кеси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …