Дома Трансфер зона Барселона купува соиграч на Пандев кој „растура“ на стартот од сезоната?

Барселона купува соиграч на Пандев кој „растура“ на стартот од сезоната?

piatek

Според шпанските медиуми, екипата на Барселона сериозно размислува за доведување на соиграчот на Горан Пандев од редовите на Џенова.

Наводно, шпанскиот гигант ја разгледува можноста за ангажман на 23 годишниот напаѓач на Џенова, Кристоф Пиатек.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Полскиот фудбалер игра одлично на стартот од сезоната и веќе постигна седум погодоци на три натпревари за Џенова со што го привлече вниманието на Барса која во него гледа како на нов „Левандовски“.

На Барселона еден напаѓач и е непоходен, јасно е потребен играч за клупата. Со заминувањето на Пако Алкасер во Бoрусија Дортмунд се отвори место, па Пиатек наводно би можел да заврши на „Камп Ноу“ во јануари.

Овој фудбалер од 2016 до 2018 година го носеше дресот на Краковија. Постигна 32 погодоци на 65 натпревари за полскиот тим и ова лето пристигна во Џенова.

Од седумте погодоци за Џенова, Пиатек постигна три на два првенствени натпревари, а четири на еден натпревар од Купот на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Премиерлигашите ја сакаат ѕвездата на Билбао

Неколку клубови од Премиер лигата се силно заинтересирани за бисерот на Атлетик Билбао, Ни…