Дома Трансфер зона Барселона купи 19 годишен Бразилец од Сао Паоло

Барселона купи 19 годишен Бразилец од Сао Паоло

Младиот Бразилец Густаво Маиа (19) е ново засилување на Барселона.

Како што пренесува „ЕСПН“, Сао Паоло веста за трансферот на Маиа и станува збор за сума од 4.5 милиони евра.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот тим ќе има 70% права на напаѓачот, додека латиноамериканскиот тим ќе го задржи правото на преостанатите 30% од идната продажба. Каталонците веднаш уплатиле еден милион евра, а дополнително Сао Паоло ќе добие уште 3.5.

Медиумите оваа операција ја толкуваат како поволна за Сао Паоло кој сега ќе ги подмири своите долгови кон своите вработени кои настанаа поради кризата со пандемијата од Ковид-19.

Маиа во Сао Паоло пристигна 14 години и во сите категории на овој клуб од сезона во сезона постигнуваше голови. Сезонава зад себе има 30 гола на 36 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер плаќа 20 милиони евра за голманот кој одлично ги замени Алисон и Едерсон?

Бразилскиот голман Бенто (24) доби шанса да брани за репрезентацијата на неодамнешните при…