Дома Трансфер зона Барселона купи супер талентиран Англичанец

Барселона купи супер талентиран Англичанец

Младиот играч Луи Бери денес стана член на Барселона.

16 годишниот напаѓач од англиски Вест Бромвич се смета за еден од бисерите на англискиот фудбал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бери со Барселона се договори за тригодишен договор откако ги помина лекарските прегледи, а Англичанецот во наредната сезона ќе го носи дресот на младиот тим на Каталонците.

Луи е репрезентативец на селекцијата до 17 години на Англија за која одигра девет натпревари и постигна седум голови.

Во иднина би можело многу да се слуша за овој млад фудбалер на кој му се предвидува блескава кариера. Останува времето да покаже како ќе се развива во Барселона за овие три години.

Бери игра фудбал од својата шеста година и ги помина сите младински категории на ВБА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…