Барселона покажува сериозен интерес за ѕвездата на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, пренесуваат каталонските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барселона се обиде да го ангажира Стерлинг и во летниот преоден рок, но немаше финансиски услови да го комплетира трансферот.




Стерлинг го изгуби местото помеѓу стартерите кај Гвардиола, па не се исклучува можноста да ја промени средината.




Манчестер Сити уште летово беше спремен да го продаде Стерлинг за да го финансира трансферот на Хари Кејн и ќе се согласи да го пушти во Барселона, но само под еден услов.




Имено, Гвардиола за возврат го бара Осман Дембеле, кој моментално се опоравува од повредата.