Главна трансфер цел на Барселона ова лето ќе биде ѕвездата на Манчестер Сити, Бернардо Силва, пренесува „Мундо Депортиво“.
Тренерот на Каталонците, Чави го известил раководството дека го сака Португалецот, но проблем се финансиите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Минималната сума за која Сити е спремен да го продаде Силва е 80 милиони евра, а Каталонците се спремни да го понудат Де Јонг за да го донесат Португалецот.
Имено, Гвардиола е силно заинтересиран за Де Јонг и откако пропадна трансферот на Даклан Рајс е спремен да понуди 90 милиони евра за Холанѓанецот.
Барселона му нуди трампа на „граѓаните“, па двете страни наскоро ќе седнат на преговарачка маса.