Барселона и Реал Мадрид можат да влезат во трансферна битка за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Едисон Кавани, пренесува „Ел Насионал“.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
34-годишниот напаѓач има договор со Јунајтед до крајот на сезоната и ќе биде слободен агент, па токму тоа е причината што е цел на интерес на шпанските гиганти.




Кавани беше на чекор од заминување од „Олд Трафорд“ ова лето, но сепак одлучи да остане. Меѓутоа, со доаѓањето на Кристиано Роналдо неговата минутажа значително ќе се намали.




Кавани на крајот на сезоната сигурно ќе ја промени средината, а не е исклучено да побара трансфер уште во јануари.




Двата шпански гиганти се заинтересирани за искусниот Уругваец и сметаат дека може да биде добра алтернатива во нападот.