Дома Трансфер зона Барселона и Евертон постигнаа договор!

Барселона и Евертон постигнаа договор!

„Скај“ тврди дека договор од двете страни е постигнат.

Како што тврди „Скај Спорт“ Евертон постигнал договор со Барселона за трансфер на играчот за врска Андре Гомеш.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Португалскиот репрезентативец минатата сезона ја помина на позајмица во клубот од „Гудисон Парк“ каде што одлично се снајде и уште неколку клубови покажаа интерес за неговите услуги.

Сепак, Евертон успеа да ја победи конкуренцијата и според последните информации се договориле со Барселона за откуп на поранешниот играч на Бенфика и Валенсија за сума од околу 25 милиони евра.

Овој 25 годишен играч за врска кариерата ја започна во редовите на Бенфика од каде што се пресели во Валенсија, прво на позајмица во 2014 година, а потоа
шпанскиот клуб го откупи неговиот договор. Во Барселона пристигна летото 2016 година за вкупно 55 милиони евра (35+20),

Но откако не се снајде на „Камп Ноу“ минатото лето беше испратен на позајмица во Евертон и сега како што стојат работите ќе продолжи да го носи дресот на овој тим.

https://www.youtube.com/watch?v=9iw8Qqf1V0E

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…