Според последните информации од Шпанија Барселона и Осман Дембеле конечно постигнале договор.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
25-годишниот француски фудбалер ја прифатил понудата за нов договор, пренесува шпанскиот весник „Мундо Депортиво“. Договорот кој ќе го потпише Дембеле е за уште две сезони, но прифатил намалување на платата.




Како што се наведува Дембеле ќе добива за 40% помала плата од претходниот договор. Во Барселона Дембеле пристигна во 2017 година, меѓутоа никогаш не успеа да ги исполни во целост очекувањата, а проблем беа и бројните повреди.