Барселона испратила последна понуда до Манчестер Сити за младиот дефанзивец Ерик Гарсија.
Каталонците понудиле 8 милиони евра плус 2 милиони како бонуси, што е многу помалку од 20-те милиони кои ги бараат „граѓаните“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Договорот на 19-годишниот дефанзивец со Сити истекува следното лето, па би можел на крајот на сезоната како слободен агент да се врати на „Камп Ноу“.
Ерик Гарсија е продукт на школата „Ла Масија“, но пред три години реши да ја напушти Барселона.
Каталонците сакаат да го вратат и веќе подолго време водат преговори со Сити, па останува да се види каков ќе биде одговорот на последната понуда.