Екипата на Барселона е спремна на крајот од сезоната од Манчестер Сити да го откупи договорот на португалскиот репрезентативец, Жоао Кансело, пренесуваат шпанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кансело во летниот преоден рок пристигна во Барселона на позајмица, а клубот е задоволен од она што досега го прикажал. Манчестер Сити за услугите на Кансело бара оштета од 25 милони евра.
„Мундо депортиво“ пренесува дека Кансело ги оправдал очекувањата на Чави. Португалецот бил оценет како еден од најспремните играчи на каталонскиот клуб и одлично се вклопи во системот на на шпанскиот стратег.
Сезонава Кансело одигра 16 натпревари за Барселона и постигна три гола. На последниот натпревар против Порто во Лигата на шампионите се запиша во листата на стрелци и асистираше.