Дома Топ вести Барселона договори големо засилување

Барселона договори големо засилување

Барселона постигнала договор со дефанзивецот на Атлетик Билбао, Иниго Мартинес, пренесува „Спорт“.

Дефанзивецот беше трансферна цел на Барселона и минатото лето, но трансферот не се реализираше бидејќи Каталонците успеаа да го договорат Жил Кунде.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, Чави не се откажува од Мартинес и сака да го доведе на „Камп Ноу“ по завршување на сезоната.

Мартинес на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, а последните информации се дека Барселона постигнала договор со неговиот агент.

Дефанзивецот ќе пристигне на „Камп Ноу“ без обештетување и ќе биде прво засилување за каталонскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…