Таа 2001 година Ривалдо беше на прагот на 30-та година, а Барселона активно бараше негова замена. Каталонците го донесоа Фабио Рочембек, малку подефанзивен играч од легендарниот Бразилец, но требаше да биде токму негов наследник.
Талентираниот играч за врска ги воодушеви европските скаути во дресот на Интернационал, а Барса победи во трката за неговиот потпис и го донесе на „Камп Ноу“ за 12 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Големиот клуб и уште поголемите очекувања го „скршија“ тогаш 19-годишниот Рочембак кого навивачите на Барса денес го паметат како едно од најголемите промашувања во историјата на клубот.
Пристигна истото лето кога Зинедин Зидан потпиша за Реал Мадрид. Одговорот на Барселона беше доведување на Џовани, Рочембак, Кристанвил, Бонан, Савиола и Патрик Андерсон.
Најголемите ривали таа сезона се сретнаа во полуфиналето од Лигата на шампиони, а првиот натпревар на „Камп Ноу“ беше почеток на крајот за Рочембак во Барселона. „Кралевите“ славеа со 2:0, а Бразилецот во 90 минути не направи ништо.
Следната сезона повеќе беше на клупа и на трибини отколку на терен. Не се согласуваше со тренерите Ван Гал и Антиќ, а потоа во јуни 2003 година со доаѓањето на Рајкард му беше покажана излезната врата од клубот.
Следните шест години ги помина во Спортинг и Мидлсборо со повремени блесоци како демолирањето на Манчестер Сити со 8:1 во опрошталниот натпревар од Премиер лигата.
После тоа Рочембак се врати во Бразил каде ја заврши кариерата, а денес е во затвор поради организирање на борби со петли. При апсењето кај него се пронајдени 89 петли за борба, 25.000 евра заработени на борби и дрога. Му се заканува двегодишна казна затвор.