Дома Фудбал Барселона го провоцира ПСЖ пред натпреварот во Лигата на шампионите

Барселона го провоцира ПСЖ пред натпреварот во Лигата на шампионите

Во средина на неделата, Барселона ќе гостува на ПСЖ во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Пред овој натпревар каталонскиот тим изненадувачки почна да испраќа провокации до својот ривал.

Барселона на социјалните мрежи објави фотографија од Мона Лиза во дресот на Барселона како потсетување на најубавите голови против својот следен ривал. Тоа беше само продолжение на она што се случуваше пред три недели кога се извлече ждрепката за оваа фаза.

Каталонците тогаш потсетија на победата од 6:1 во 2017 година кога Серхио Роберто го постигна победничкиот гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од протести до врвот: Лацио сонува за приказна како на Лестер

Лацио нема пораз и со 29 бода по 11 кола го живее најдобриот старт во клупската историја. …