Барселона денес го претстави Феран Торес кој пристигна од Манчестер Сити.
Каталонците за Торес платија 55 милиони евра, меѓутоа се уште не можат да го регистрираат. Барселона се уште има финансиски проблеми, па се бара начин клубот и со Торес да остане во границите на финансискиот фер-плеј.
Here's here! @FerranTorres20 pic.twitter.com/iZzZkhfSwj
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 3, 2022
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Најголемо внимание на претставувањето на Торес привлече изјавата на Лапорта кој најави дека Барселона се враќа како голем играч на трансфер пазарот.
„Работиме напорно за да создадеме силен тим. Многу работи се можни ако работиме како што треба, сигурен сум дека ќе успееме. Целиот свет нека се подготви, Барселона се враќа на трансфер пазарот како голем играчз“, изјави Лапорта.
Имаше и прашања за Халанд, но Лапорта не одговори ништо конкретно.