Барселона денес и официјално го претстави првото засилување за новата сезона. Станува збор за 17-годишниот Педри кој доаѓа од Лас Палмас.
Младиот талент игра како офанзивен играч за врска, а може да игра како крилен фудбалер и ќе биде првото засилување за новиот тренер Роналд Куман.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тој е еден од најперспективните млади фудбалери во Шпанија, беше мета на многу клубови од Европа, а Барселона успеа да ја победи конкуренцијата.
„Ова за мене е остварување на детскиот сон. Мојот идол е Андес Иниеста, а сега сакам да учам од Меси. Јас сум фудбалер кој сака да игра со топка и верувам дека брзо ќе се вклопам во Барселона“, истакна Педри.
? Pedri: "I want to stay here and enjoy and learn from the best players"
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 20, 2020
#PedriCuler ?❤ pic.twitter.com/kp8LROCGTI