Дома Трансфер зона Барселона го понудила Суарез на Јувентус?

Барселона го понудила Суарез на Јувентус?

Во последно многу често се пишува во медиумите за соработка помеѓу Барселона и Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сега дел од медиумите во Шпанија пренесуваат дека Барселона го понудила Луис Суарез на Јувентус со цел со парите кои ќе ги добие да го финансира враќањето на Нејмар.

Се очекува во финишот од преодниот рок Барселона да го направи последниот обид да го врати Нејмар.

Според најновите информации Барселона е спремна да се откаже од Суарез кој во овој момент е повреден за да го врати Нејмар.

Јувентус и понатаму е во потрага по напаѓач, откако не успеа да го доведе Ромелу Лукаку, додека Икарди по се изгледа ќе остане во Интер.

Суарез не би бил прв избор на Јувентус, но во Торино во недостаток на опции би можеле да се одлучат да го доведат Суарез и на тој начин да и помогне на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…