Жоао Мендеш, синот на легендарниот Роналдињо доживеа невидено понижување. Овој 19-годишник требаше да биде напаѓач, а се очекуваше многу откако пристигна во Каталонија во март 2023 година.
Сепак, испаѓа дека тоа што Роналдињо ти е татко не значи дека си и магионичар со топката.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Не само што доживеа да не игра, туку Барселона реши да му покаже дека можеби има талент за нешто друго освен фудбал.
Тренерот не го вклучи во тимот, туку наместо тоа мораше да изврши посебна задача.
Стана камерман, пишува шпански „Спорт“.
„Синот на Роналдињо Жоао Мендеш не е вклучен во тимот за денешниот натпревар до 19 години. Тренерите го претворија во снимател. Мораше да го снима мечот за подоцна да го анализираат“, пишува весникот „Спорт“.
🚨🚨| Ronaldinho's son Joao Mendes was excluded from the squad list of Barça U19's match today.
— CentreGoals. (@centregoals) April 7, 2024
The technical staff made the player record the entire match with a camera, so that the staff could analyze the game. 🇧🇷🎥
[@sport] pic.twitter.com/1RgnaRyobc