Дома Фудбал Барселона го исплати првиот дел од бонусот за Де Јонг и израдува три клуба

Барселона го исплати првиот дел од бонусот за Де Јонг и израдува три клуба

Tри холандски екипи ќе добијат одредена сума на пари откако Барселона ја исплати првата „рата“ бонус за Де Јонг.

Тој минатото лето за 75 милиони евра премина од Ајакс во Барселона која на холандскиот клуб би можела да му исплати уште 11 милиони евра преку бонуси.

Според, „Мундо Депортиво“ Барселона првиот дел од бонус веќе легнал на сметката на Ајакс и станува збор за бројка од 2.3 милиони евра.

Интересно е дека дел од бонусот ќе добијат и екипите на Вилем и Валвик кој имаа свој удел во развојот на Де Јонг.

Во првата сезона Де Јонг за Барселона одигра 37 натпревари, постигна два гола и подели четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Игoр Паишао се подготвува за трансфер во Премиер лигата

Игoр Паишао изрази желба да ја напушти Марсеј следното лето, откако не успеа да се пресели…