Со заминувањето на Луис Суарез во Атлетико во нападот на Барселона остана голема празнина. Со Барселона се поврзуваа Един Џеко и Едисон Кавани, но двајцата биле одбиени од каталонскиот клуб.
Џеко има договор со Рома до 2022 година и долго се поврзуваше со Јувентус, на крајот тој трансфер пропадна. Кавани од друга страна е слободен играч откако му заврши договорот со ПСЖ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според информациите Барселона двајцата напаѓачи ги одбила најмногу поради нивните години, Џеко има 34, Кавани 33 и тоа не се вклопува во нивната политика. Барселона сега е во период во кој треба да го подмладува тимот.
„Мундо Депортиво“ тврди дека Барселона до крајот на преодниот рок нема да доведува играчи ако некого не продаде. Единствено засилување за каталонците би можел да биде Сержињо Дест од Ајакс.