Барселона ја продолжува по трагата по млади и перспективен дефанзивен играч за врска, кој ќе може да биде наследник на Серхио Бускетс.
Поради тоа Каталонците покажуваат силен интерес за бразилскиот талент на Васко де Гама, Андреј Сантос, пренесува „Мундо Депортиво“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
18-годишниот Сантос важи за голем талент и оваа сезона одигра 33 меча на кои постигна 7 гола, а Барселона во него гледа идеална замена за Бускетс.
Тој има договор со бразилскиот клуб до 2027 година, кој за неговата слобода бара 40 милиони евра.
Барселона треба да ја победи и конкуренцијата бидејќи за Бразилецот интерес покажуваат уште Њукасл и Ливерпул.