Барселона веројатно никогаш повторно нема да ја видиме во стартен состав каков што има денеска против Виљареал.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Виљареал го пречекува десеткуваниот каталонски тим во директен судир во битката за врвот на табелата, бидејќи Ханси Флик одлучи да ги изостави Кубарси и Балде и Касадо кои досега беа незаменливи.
Големиот број повреди доведоа до фактот многу играчи мораа да играат практично без пауза од почетокот на сезоната, а во најлош момент сега треба да мируваат – Кубарси, Балде и Касадо, кои се заменети со членови на Б тим – Серхи Домингез, ќе игра во тандем со Иниго Мартинез, додека како лев бек ќе игра Џерар Мартин.
Во средниот ред наместо Касадо, заедно со Педри игра Ерик Гарсија, тука е и Пабло Торе, бидејќи и Дани Олмо е повреден, а Феран Торес е суспендиран.
Натпреварот помеѓу Барселона и Виљареал започна во 18:30 часот.