Дома Фудбал Барселона во големи проблеми – Каталонците мораат да продаваат?!

Барселона во големи проблеми – Каталонците мораат да продаваат?!

Се зборуваше за тоа и во јуни, финансиската ситуација е позната, а кога се ќе се собере, Барселона повеќе нема пари за сериозно засилување…

Барселона нема пари…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На почетокот на преодниот рок беа најавувани големи засилувања, иако Каталонците заработија точно 713 милиони евра, големите расходи направија клубот без продабжа да има на располагање само 60 милиони евра за преодниот рок.

Купен или подобро кажано вратен беше Делофеу за 12 милиони евра, а пристигна и десниот бек на Бенфика Семедо за 30 милиони, ако одигра 50 натпревари, Португалеците ќе добијат дополнителни пет како бонуси.

Значи, останаа уште нешто помалку од 20 за трошење јасно е дека ќе мораат да продадат некој од клучните фудбалери доколку сакаат да направат некој голем трансфер.

Верати е се подалеку, тој ќе го промени својот агент и најверојатно ќе соработува со Мино Раиола што автоматски значи дека вратата за него во Барселона е затворена.

Каталонците тврдат дека им се потребни двајца нови фудбалери, додека, Велверде смета дека ова што го има на располагање е сосема доволно. Кога се заминувањата во прашање, Матје замина како слободен играч и Тељо за пет милиони евра. Кога на тоа ќе се додаде дека Вермален, Мунир, Даглас, Смпер се враќаат од позајмици и кои тешко дека ќе ја наполнат касата, приказните за големо засилување звучат како научна фантастика.

Но, кого Барса би можела да жртвува?

Јасно е, сите помислуваме на Нејмар, но и покрај сите најави тешко е да се верува дека ПСЖ може да ја плати клазулата и да ги исполни барањата на Бразилецот, со тоа би влегле во проблем кога е финансискиот фер плеј во прашање.

Од останатите се споменуваше заминување на Арда Туран, но тој не сака да се врати во татковината, Ракитиќ останува, а најверојатно и Рафиња. За Пако Алкасер и Диње има интерес, но само за позајмици.

Поради тоа, освен ако не се случи некоја спектакуларна продажба, многу веројатно дека Каталонците ќе останат пасивни во преостанатиот дел од преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…