Дома Топ вести Барса ја скрати листата, четири имиња во игра!

Барса ја скрати листата, четири имиња во игра!

После промената во организациониот и спортскиот дел, направена е нова листа. Кои се можните засилувања?

По заминувањето на директорот Раул Санилеги, Барселона прави нова концепција во преодниот рок. Пеп Сегура заедно со Роберто Ферднандез кој е главен опертивец ја направи оваа листа, поточо ја скрати листата на фудбалери кои Барселона ги следи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фелипе Кутињо останува приоритет, но за во јуни, никој не верува дека Ливерпул ќе го пушти во јануари.

И тоа не е единственото име, како што кажа Гилијем Балага,  Ливерпул поставува невозможни услови. Поради тоа таа сума би можела да биде вложена во Антоан Гризман, односно Барселона да ја плати клазулата, а потоа одлуката би била само на Французинот.

Кога во прашање се останатите фудбалери сигурно пристигнува Колумбиецот, Мина, тука веќе постои пред договор и ова момче веќе од лето би требало да конкурира за место во тимот.

Каталонците го следат и слободниот агент Леон Горецка, германскиот репрезентативец го сакаат Јуве и Баерн, најблиску е клубот од Минхен, но доколку Каталонците влезат во трката тие секако би биле примамлива дестинација за Германецот.

Во секој случај Барселона спреми листа, иако во јануари тешко дека ќе одработат некој голем трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Каква чест: Миовски номиниран за најдобар во Шкотска!

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има неверојатна сезона во Шкотска, а потврда з…