Дома Трансфер зона Барса ја сака ѕвездата на Лестер

Барса ја сака ѕвездата на Лестер

Барселона е силно заинтересирана за турскиот репрезентативец и член на Лестер, Чаглар Сојунчу, потврди агентот на фудбалерот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сојунчу игра одлична сезона во дресот на Лестер и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Агентот на турскиот интернационалец, Мустафа Догру потврди дека Барселона е заинтересирана за дефанзивецот.

Можно е Чаглар да игра за Барселона ова лето. Барселона се интересираше за него и од порано. Преговаравме со нив и ни презентираа проект, но мислевме дека требаше да одиме во тим каде што ќе игра перманентно. Поради тоа, одлучивме дека тогаш беше рано за толку голем клуб“, изјави агентот.

Сојунчу во 2018 година премина во Лестер од Фрајбург за 19 милиони фунти, а покрај Барса интерес за него покажуваат уште Ливерпул, ПСЖ и Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…