Дома Трансфер зона Барса ја доби битката за голманот на Ајакс

Барса ја доби битката за голманот на Ајакс

Барселона внимателно ја следи ситуацијата со голманот на Ајакс, Андре Онана и се очекува тој ова лето да се пресели на „Камп Ноу“, пренесуваат каталонските медиуми.

Онана е посакуван уште од Тотенхем, Челзи и ПСЖ, но каталонските медиуми тврдат дека голманот веќе се договорил со каталонскиот гигант.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Онана брани одлично за Ајакс во последните две години а на добро ја познава филозофијата на игра на Барселона.

Камерунскиот голман има 24 години, во Ајкас е од 2015 година а предходно мина две години во школата на Барселона пред да се пресели во холандскиот гигант.

Тимот од Амстердам постави цена од 40 милиони евра за Онана, но Барса се надева да ја намали таа цена поради кризата предизвиката од пандемијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …