Иднината на Иван Ракитиќ веќе подолго време е главна тема во спортските медиуми, а после оваа изјава јасно е дека за него повеќе нема место во Барселона.
Спортскиот директор на Барселона Ерик Абидал, во интервју за „Мундо Депортиво“ изјави дека Ракитиќ повеќе не е во плановите на Валверде.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ракитиќ знае дека постои спортска одлука која треба да ја разбере. Веќе е известен дека повеќе не е дел од нашите планови“, изјави Абидал.
Неодамна Ракитиќ изјави дека не е среќен од ситуацијата во Барселона, па јасно е дека уште во јануарскиот преоден рок ќе го напушти „Камп Ноу“.
За неговата следна дестинација се шпекулира со многу клубови, но најреални се шансите Хрватот да се пресели во Серија А, каде силен интерес за него покажуваат Јувентус, Милан и Интер.