Дома Трансфер зона Барса сака уште еден играч на Сасуоло – го „краде“ пред носот на Милан!

Барса сака уште еден играч на Сасуоло – го „краде“ пред носот на Милан!

Барселона вчера го изненади фудбалскиот свет кога го комплетираше тарнсферот на Боатенг од Сасуоло, но во иднина може да има уште еден трансфер на оваа релација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, од Сасуоло денес потврдија дека Каталонците се силно заинтересирани за 23-годишниот играч за врска Стефано Сенси.

Сенси игра одлична сезона, заработи и повик во италијанската репрезентација и го привлече вниманието на неколку европски гиганти.

Најсилен интерес за играчот покажува Милан, кој започна преговори со Сасуоло, но понудата на „росонерите“ не ги задоволи апетитите на „зелено-црните“.

Останува да видиме дали Барселона го сака Сенси во зимскиот преоден рок или ќе го одложи трансферот за следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…