Дома Топ вести Барса не се шегува – спреми 85 милиони за ѕвездата на Интер

Барса не се шегува – спреми 85 милиони за ѕвездата на Интер

Примарна цел на Барселона во зимскиот преоден рок ќе биде засилување за одбраната, а најголема желба е дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар.

Наводно раководството на Каталонците веќе остварило средба со агентот на Скриниар и ја разгледувале можноста за трансфер на „Камп Ноу“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скриниар минатото лето пристигна во Интер и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.

Ернесто Валверде сака по секоја цена да ја засили конкуренцијата во дефанзивната линија, а Барселона е спремна да плати високи 85 милиони евра за ѕвездата на Интер.

23-годишниот словачки репрезентативец имаше богати понуди и ова лето, но не успева да најде заединчки јазик со раководството за нов договор. Барселона е спремна да ја искористи таквата можност и ќе достави понуда која не може да се одбие.

Сепак, прашање е дали Интер ќе се согласи да се откаже од еден од најважните фудбалери на средина од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Премиерлигашите ја сакаат ѕвездата на Билбао

Неколку клубови од Премиер лигата се силно заинтересирани за бисерот на Атлетик Билбао, Ни…