Иако Ливерпул одби дури четири понуди, Барселона не се откажува од намерата да го донесе Филипе Кутињо на „Камп Ноу“, пренесуваат каталоснките медиуми.
Последната понуда која ја испрати Барселона во летниот преоден рок за Кутињо изнесуваше 125 милиони евра, но Ливерпул го запали црвеното светло.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанските медиуми наведуваат дека Барса повторно во јануари ќе тргне во офанзива на Бразилецот и овој пат ќе понуди неверојатни 150 милиони евра.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во повеќе наврати истакна дека 25-годишниот Кутињо не е на продажба, но и дека тој не може да ги спречи сопствениците на клубот доколку одлучат да го продадат.
Ливерпул лошо игра оваа сезона и во првенството се наоѓа на дури 9-то место, а Кутињо во осум натпревари постигна четири гола.