Дома Топ вести Барса нема подобро решение, се ВРАЌА по Кутињо со нова понуда!

Барса нема подобро решение, се ВРАЌА по Кутињо со нова понуда!

Иако најавуваа дека четврта понуда нема да има каталонците се вратија по Фелипе Кутињо.

Кутињо не сака повеќе да игра за Ливерпул и тоа е јасно, а наводно Барселона се вратила со понуда од 160 милиони евра. Според новата понуда, каталонскиот гигант веднаш би платил 120 милиони евра, додека останатите 40 „црвените“ би ги добиле како бонуси.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бонусите практично сигурни пари, тие се поврзани за пласманот во Лигата на шампионите во наредните четири години. Значи, секогаш кога Барселона во наредните четири години би се пласирала во Лигата на шампионите, Ливерпул би добивал по 10 милиони евра.

Колкави се шансите Барселона да не биде помеѓу првите четири екипи во Шпанија? Веројатно никакви, па според тоа оваа сума ги надминува и барањата на Клоп.

Првите анализи на оваа понуда се дека, Ливерпул би требало да го продаде незадоволниот Кутињо, но ќе мораат брзо да реагираат и да пронајдат негова замена и за тоа на располагање ќе имаат околу една недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бразилецот главна тема во Италија: Му даде „корпа“ на Јувентус за да се врати во Бразил

Фудбалерот на Лацио, Фелипе Андерсон (31) беше „веќе виден“ како прво засилување на Јувент…