Дома Фудбал Барса нема пари за нов договор на Жорди Алба

Барса нема пари за нов договор на Жорди Алба

Раководството на Барселона донесе одлука да го одложи на крајот на сезоната преговорите за нов договор на Жорди Алба, пренесуваат каталонските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Шпанскиот репрезентативец веќе подолго време настојува да добие нов договор и зголемување на платата, но од „Камп Ноу“ не можат сега да му понудат повеќе пари бидејќи со тоа ќе ја нарушат финансиската рамка.

Во Барселона се спокојни бидејќи Алба има договор до 2020 година, а неговата откупна клаузула изнесува 150 милиони евра.

Алба е еден од најважните фудбалери на Барселона, но неговите финансиски услови се истите кои беа договорени во 2015 година.

Левиот бек сака поголема плата и доколку на крајот на сезоната не се согласи да стави потпис на нов договор, тогаш Барса ќе биде приморана да го продаде бидејќи ќе влезе во последната година од договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал сака да ја донесе ѕвездата на Атлетико. Ќе продаде пет играчи за тоа?

Според информациите кои ги објавуваат англиските медиуми, Барселона и Арсенал се во интенз…