Дома Топ вести Барса купува играчи, а не им плаќа на клубовите

Барса купува играчи, а не им плаќа на клубовите

Пред неколку години УЕФА воведе финансиски ферплеј со цел да ги спречи клубовите да трошат пари неконтролирано, но Барселона не ги почитуваат премногу тие правила.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, Барселона во последните години носи фудбалери и во последните две сезони потроши 100 милиони евра, но им должи на бројни европски клубови за трансфери од минатото.

Така „каталонците“ на Лидс му должат 42.5 милиони евра уште од 2022-рата за трансферот на Рафиња. Манчестер сити чека исплата на 26 милиони евра за трансферот на Феран Торес, додека за Роберт Левандовски должат уште 21 милион евра.

Во редот за исплата е и екипата на Севиља, која минатата сезона се најде во финансиска криза. На клубот од Андалузија му се должат 24.5 милиони евра за Кунде.

Барса е во финансиска криза, но европските клубови го губат трпението и се спемни да тужат доколку не почнат исплатите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…