Барселона и Реал Мадрид покажуваат силен интерес кон младиот дефанзивец на Тулуз, Жан Клер Тобидо, пренесуваат шпанските медиуми.
19-годишниот Тобидо важи за еден од најталентираните стопери во Европа и за неговиот потпис интерес покажаа уште Јувентус, Наполи и Баерн Минхен.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Договорот на Тобидо со Тулуз истекува на крајот на сезоната, па тој во јануари ќе биде слободен да потпише преддоговор со новиот клуб и на лето да пристигне како слободен агент.
Според „Мундо Депортиво“, играчот во наредните денови ќе донесе конечна одлука за својата иднина.
Младиот француски репрезентативец уште го нарекуваат „новиот Варан“, поради начинот на игра, но и физичката сличност.
Toulouse center-back Jean-Clair Todibo, who will turn 19 tomorrow, will decide his future within 10 days. pic.twitter.com/Z2TZmTy2hp
— FCB HEADQUATERS (@fcb_headquaters) December 29, 2018