Дома Трансфер зона Барса и Кутињо поразени – Бразилецот не оди никаде!

Барса и Кутињо поразени – Бразилецот не оди никаде!

Една од поголемите сапуници која се одвиваше во финишот од преодниот рок го доби својот крај, а како победник излезе англискиот гигант Ливерпул.

Кутињо сакаше трансфер во Барселона која испрати понуда од 118 милиони фунти за неговите услуги, но тоа не беше доволно, Клоп не сакаше да го пушти Бразилецот на „Ноу Камп“, па истата беше одбиена.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилецот правеше се за да помогне овој трансфер да биде реализиран, сепак не успеал премногу да промени. Јасно е Барселона имаше пари, доби 222 милиони евра од трансферот на Нејмар, но управата на шпанскиот гигант смета дека има подобар начин истите да се искористат.

Кога веќе каталонците се откажаа од Кутињо, веројатно со сите сили ќе се насочат кон Осман Дембеле од Борусија Дортмунд, но сигурно дека и тој нема да биде лесна мета.

Од друга страна пак, е интересно да се види како сега ќе се развиваат односите на релација Кутињо-Ливерпул и дали Кутињо повторно ќе биде дел од стартниот тим на „црвените“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…