Сагата околу холандскиот дефанзивец Матијас де Лихт и натаму трае бидејќи се уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.
Сигурно е дека Де Лихт ова лето ќе ги напушти редовите на Ајакс. Овој 19-годишен стопер ја освои двојната круна во Холандија, а му беше доделена и капитенската лента.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пред неколку недели се чинеше дека нема дилеми околу неговата иднина, односно дека сигурно ќе потпише за Барселона, но тогаш за него започна интерес од ПСЖ, Јунајтед, Ливерпул, Јувентус…
Де Лихт призна дека се уште не ја донел конечната одлука и дека за сега му е најважно да замине на одмор после долгата сезона. Но, јасно е дека одлука мора да донесе во следните неколку недели.
Сепак, шпанските медиуми денеска објавија дека Ајакс и Барселона постигнале договор околу трансфер и се чека на играчот да ја прифати понудата од Каталонците.
Како што пренесува Радио Каталуња, Барса и Ајакс договориле трансфер вреден 75 милиони евра, а конечната потврда би требало да биде донесена на почетокот од следниот месец. Сепак, Де Лихт може да се предомисли доколку не се договори со Барса или добие подобри услови од некој друг клуб.