Дома Трансфер зона Барса испраќа нова понуда за Ерик Гарсија

Барса испраќа нова понуда за Ерик Гарсија

Барселона е силно заинтересирана за дефанзивецот на Манчестер Сити, Ерик Гарсија кој е продукт на школата „Ла Масија“, но пред три години реши да ја напушти Барселона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Спорт“ пренесува дека договорот на 19-годишниот дефанзивец истекува следното лето и би можел да се врати на „Камп Ноу“ како слободен агент.

Барса сака да го врати уште ова лето на „Камп Ноу“ и испрати понуда од 10 милиони евра, која експресно беше одбиена.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Каталонците следните денови ќе испратат нова понуда од 15 милиони евра плус бонуси, а тоа е приближување до сумата од 18 милиони евра која ја бараат „граѓаните“.

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека играчот ја одбил понудата за нов договор. Минатата сезона, Гарсија одигра 20 натпревари во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…