Дома Трансфер зона Барса испрати понуда за 17-годишен „вундеркинд“ (видео)

Барса испрати понуда за 17-годишен „вундеркинд“ (видео)

Барселона веќе подолго време го скаутора младиот Карим Адежеми, германски фудбалер кој настапува за австриски Лиферинг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Карим оваа сезона настапува во втората австриска лига и покажува неверојатни партии, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Овој 17-годишен напаѓач е во сопственост на Салцбург, кој планира да си го врати во своите редови веќе во јануари, а за неговиот потпис бара огромна сума пари.

Покрај Барселона, интерес за младиот напаѓач покажуваат уште Арсенал и Ливерпул, кои сакаат да го купат талентот уште во јануари.

Меѓутоа, најконкретна е Барселона која веќе испрати прва понуда од 15 милиони евра. Салцбург веднаш ја одби истата бидејќи за слободата на својот „бисер“ бара двојно повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…