Дома Топ вести Барса има шпион во соблекувалната, а Меси знае кој е тој

Барса има шпион во соблекувалната, а Меси знае кој е тој

Шпанските медиуми дојдоа до доверливи информации и тврдат дека во соблекувалната на Барселона има шпион, а Лионел Меси се сомнева на еден фудбалер.

„Кога Меси ќе се замери со некој, тоа завршува лошо по тој фудбалер“, пишува шпанскиот портал „Дарио Гол“.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тој играч во соблекувалната на Барселона е Андре Гомеш, а истиот извор наведува дека Меси го смета Португалецот за шпион, кој на својот сонародник Кристиано Роналдо му пренесува детали до соблекувалната.

„Дарио Гол“ пишува дека веќе со месеци од соблекувалната на каталонскиот тим излегуваат информации и се објавуваат во мадридските медиуми.

Многумина сметаа дека тој бил Нејмар кој му пренесувал информации на Марсело, меѓутоа тоа продолжи и после заминувањето на Бразилецот во ПСЖ.

Меси е наводно убеден дека станува збор за Андре Гомеш и му порачал на раководството да го продаде Португалецот уште во зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…